Козметички несесер за на одмор
- 100jne
- Jul 2, 2015
- 1 min read

Промената на гардеробата е една работа, но вашата рутина за нега на убавината е сосема нешто различно. За добро да се подготвите за годишен одмор кој толку долго го посакувате, прочитајте што ви треба да понесете.
1. При патувањето, не ви е потребна шминка, бидејќи е само дополнителен стрес на кожата. Нанесете лесен хидратантен дневен крем, а лосион за раце и балсам за усни во својата патна торба.
Освежувајте ја кожата во текот на летот со освежителни марамчиња – ќе се чувствувате многу подобро кога ќе ги избришете лицето и рацете. Исто така добро е да имате гел за миење раце.

Не дозволувајте очите да ви станат црвени, а отеченоста на капаците намалете ја со крем за околу очи кој ќе ја поттикне циркулацијата и ќе ја намали отеченоста. Фризурата после патување никогаш не е репрезентативна, па во торбата понесете четка за коса и шампон за суво миење на коса.
2. Убави и на плажа:
Ќе ви биде потребен заштитен фактор, затоа понесете доволно крем или лосион со заштитен фактор. Поголем број лосиони за тело се погодни и за лице доколку тој за лице не ви е при рака.
За сончеви денови користете кармин со заштитен фактор за нега и заштита на своите усни.
Не заборавајте на косата – избегнувајте го сувиот воздух од фенот за коса на тој начин што ќе ја заштитите со спреј за заштита од топлина.

3. Шминка-Заменете ја течната пудра со лесен ВВ или СС крем – високите температури бараат прилагодување на вашата шминка.
Доколку имате водоотпорна маскара и кармин во силна боја, тоа ќе ви биде сосем доволно!
За туширање користете пилинг кој е збогатен со витамини, ја омекнува и негува кожата. На лицето задолжително нанесете крем со висок заштитен фактор и регенеративен крем за нега во текот на ноќта.
Омега 3 масните киселини придонесуваат за поздрав изглед на кожата.
Comments