top of page

Тоник-задолжителен производ за летна нега на кожата

  • 100jne
  • Jul 2, 2015
  • 2 min read

imagesp.jpg

Познато е дека кремите за сончање го спречуваат создавањето на канцерогени клетки во површинскиот дел на епителот. Токму затоа и се неизбежен дел од летната нега. Ги користиме за да спречиме изгореници, оштетувања на кожата, стареењето, фото-чувствителни болести, алергиски реакции и слично.

Но, покрај кремите, еден од клучните производи за летна нега треба да биде и тоникот. Тој се нанесува пред кремата со заштитен фактор, а со тоа и ќе го зголеми дејството на заштита.

cleaning-face.jpg

Влијанието на органската цветна вода од роза и билни матични клетки што се содржат во тоникот ќе направат чуда за вашата кожа. Билните матични клетки се најдобро природно средство за регенерација на кожата. Ја обновуваат и ги штитат матичните клетки на кожата, а со тоа ја штитат и кожата од оштетувања што ги предизвикуваат УВ зраците. Исто така, тоникот со овие состојки во себе го забавува стареењето на кожата.

Тоник што содржи билни матични ќелии користете го пред да ненесете масло, серум или крема за кожа. Идеален е при потребата за моментално освежување и хидратација, како и при чувство на воспаление, црвенило и затегната кожа.

Овој тип на производ нека биде еден од вашите задолжителни за време на летните одмори и користете го заедно со производите што во себе содржат заштитен фактор.

Заедно со тоник, секогаш имајте и хидратантни креми за лице што содржат какао путер, маслиново масло, алое вера, мед, витамин А, витамин Е, бидејќи не само што ќе ја хидрира кожата, туку и ќе ја заштити бидејќи состојките ќе овозможат висока УВ заштита. Ваквиот тип креми нанесувајте ги на лице, врат и деколте, околу половина час пред да се изложите на сонце.

Capture3.jpg

Препорака:

3dfe897a0dfbbeeff9e759d002c3ffdc.jpg

Ecollagen Skin Perfecting Тоник 35+

Mногу повеќе од обичен тоник - иновативна мешавина од екстракт од растителни матични клетки и хидроксилни киселини за баланс, освежување и ексфолијација на вашата кожа. Ја полира кожата по чистењето, го поттикува обновувањето и помага да се редуцираат брчките. Нанесете на памукче и исчистете го лицето.

Love Nature тоник за чувствителна кожа од камилица на Oriflame (за сите возрасти)

Со нежна текстура и екстракт од камилица за смирување на чувствителната кожа. Нежен тоник кој не ја суши кожата. Не содржи бои.

И голем избор од палетата за нега на кожа од производите на Oriflame.

За повеќе информации контактирајте не.

 
 
 

Comentarios


My Pick:
Check back soon
Once posts are published, you’ll see them here.
Search By Tag:
Stay In The Know:
bottom of page